Нова директорка на ИКЕА за Југоисточна Европа

Сара Дел Фабро е новата директорка на ИКЕА за Југоисточна Европа ( Хрватска, Романија, Србија, Украина). Таа ќе ја известува за деловните резултати Бален Фрау, заменик директорката за глобална малопродажба на Ингка Групата со седиште во Малме, Шведска.

Сара ја започна својата кариера во ИКЕА во 1999 година во Болоња, во 2014 стана заменик директор на стоковната куќа во Торино, а две години подоцна го презеде раководството во стоковната куќа во Милано, Сен Џулиано. Во 2017 година стана заменик извршен директор на ИКЕА во Италија.

„Европа останува целосно посветена на продолжувањето на ширењето на компанијата и на успешното работење,вклучувајќи ги новите формати кои ќе ни овозможат да бидеме поблиски со купувачите во:Хрватска, Романија, Словенија, Србија и Украина„, порачуваат од компанијата.