Нова експлозија на гас во Франција, загинаа бремена жена и нејзиното дете

Нова експлозија на гас усмрти две лица во Франција. Жртвите се бремена жена и нејзиното дете. Несреќата се случила во источниот француски град Лион во раните утрински часови, објавија француските медиуми.

Пламените се прошириле од пекарница, која се наоѓа на приземјето на двокатна станбена зграда. Сопругот на загинатата бремена жена успеал да се спаси откако  скокнал од прозорецот на вториот кат. Меѓутоа, неговата бремена сопруга и неговото дете се задушиле од чадот. Три случајни минувачи, исто така, се лесно повредени од експлозијата.