Нова ерупција на вулканот Стромболи, кој се наоѓа на истоимениот италијански остров во Тиренското Море, е евидентирана доцна синоќа.
Според локалните жители, околу 22:45 часот се слушнала силна експлозија, по што над кратерот се издигнал столб од вулкански песок и пепел. Потоа, во интервал од околу 20 минути, се слушнале уште две, не толку силни, експлозии, придружени со исхрлање на вулкански материјал.
Покрај тоа, лавата почнала да се излева од кратерот по западната падина на вулканот. Таму, на надморска височина од околу 600 метри, се наоѓа вдлабнатина наречена „Огнен поток“ по кој лавата стигнува до морето.