Претседателот на Управниот одбор „Квир Монтенегро“, Даниел Калезиќ вели дека започнаа подготовките за новата Парада на гордоста, која што ќе биде одржана на лето.
„Ги започнавме подготовките за Парадата на гордоста која на лето ќе биде одржана во Подгорица, а очекуваме таа манифестација да биде побројна од претходната“, рекол тој.
Според него, организациониот одбор повторно ќе биде составен само од ЛГБТ лица, кои ќе ја дефинираат темата на парадата и барањата кои што ќе им бидат упатени на надлежните институции.