
Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов денеска на Меѓуградската автобуска – Скопје ќе ја испрати третата смена на деца на бесплатно зимување на Пелистер.
Зимувањето е согласно со Проектот за користење услуга за одмор и рекреација на деца од семејства со социјален ризик и деца корисници на посебен додаток во периодот на зимскиот распуст од учебната 2013/2014 година.