Нова IQOS зона во трговскиот центар Palma Mall во Тетово

На 20.11.2023 година, IQOS ја прошири достапноста со уште една локација. Нова IQOS зона, прва надвор од главниот град, е отворена во рамките на проширениот дел на трговскиот центар Palma Mall во Тетово.

Работното време на IQOS зоната во Тетово е секој ден од 10 до 22 часот и нуди достапност и поддршка за сите возрасни пушачи кои сакаат да се информираат за подобрите алтернативи на цигарите и да се префрлат на категоријата производи базирани на технологија на загревање.

На новата продажна локација, исто така е достапно и портфолиото на новата генерација IQOS ILUMA уреди со технологија на индукциско загревање, без сечило и без потреба од чистење. Покрај тоа, во оваа нова зона, целосната корисничка поддршка на сите официјални канали е целосно достапна како на македонски, така и на албански.

За новата продажна локација, како и за IQOS бутиците кои неодамна беа отворени во Скопје, изработен е оригинален мурал, со знаменитостите од градот Тетово, во соработка со двајца наши врвни уметници, Сања Симоска и Сали Ертунч, со што оригинално се разубави просторот и му даде автентичен локален „зачин“.

На глобалниот пазар, производите без чад на Филип Морис се продаваат на повеќе од 82 пазари. Денес, над 27 милиони возрасни пушачи ширум светот се корисници на IQOS, од кои 72% целосно се откажале од пушењето или повеќе од 19.7 милиони луѓе. Повеќе за технологијата без чад можете да дознаете на: PMI Science | Philip Morris International.