Нова мигрантска колона тргна од Хондурас

Нова мигрантска колона со околу шесто лица појде од северот на Хондурас, пишуваат во вторникот тамошните медиуми, а американскиот претседател Доналд Трамп ги искористи овие вести уште еднаш да ги повика деморкатите да го одобрат финансирањето градење ѕид на границата со Мексико.

Мигрантите тргнале од местото Сан Педро Сула пешки и со минибуси во понеделникот попладнето. Планирааат преку Гватемала да дојдат во Мексико и оттаму да се обидат да влезат во САД. Мигрантите кои велат дека бегаат од сиромаштија и криминал, а за кои не се знае кој ги организира во групни маршеви од неколку илјади километри, на социјалните мрежи обијавида дека одат под мотото „Во Хондурас не` убиваат“.

Првите луѓе на миргациското биро на Мексико изјавија дека мигрантите мора да се регистрираат во Хондурас пред да дојдат во Мексико. Во моментов околу 2.000 имигранти чекаат во пограничниот град Тихуана за влез во САД.

„Нов голем карван од Хондурас се упати кон нашата јужна граница. Кажете им на Ненси и Чак дека дронот што лета наоколу нема да ги запре“, објави американскиот претседател Доналд Трамп алудирајќи на демократските челници во Конгресот, Ненси Пелоси и Чак Шумер.

„Само ѕидот ќе биде ефикасен Само ѕидот или челична ограда ќе гарантира безбедност за нашата земја! Престанете да играте политички игри и прекинете ја блокадата на работата на сојузната влада“, додава Трамп.

Делумниот прекин на функционирањето на федералната влада на САД е последите на спорот на демократите кои одбиваат во буџетот за следната година да ја стават и ставката за финансирање на ѕидот на границата во износ од 5,7 милијарди долари, што го бара претседателот Трамп, во вторникот влезе во 25-от ден.