Нова надеж за малезискиот авион: Уловени два нови сигнала

Во текот на потрагата по исчезнатиот малезиски авион биле уловени два нови сигнала кои што би можеле да бидат од црната кутија, што буди нова надеж дека остатоците од авионот ќе се пронајдат.

Сигналите „пинг“ се детектирани во зоната која што ја пребарува бродот на американската морнарица опремен со специјален електронски апарат.

Шефот на австралиската служба за координација на потрагата, Ангус Хјустон, рекол дека е оптимист и мисли дека авионот наскоро ќе биде пронајден, но напоменал дека е потребно да се пребара огромно подрачје во Индинскиот океан.

„Верувам дека потрагата е сконцентирана на вистинското подрачје, но потребно е визуелно да се идентификуваат остатоците пред да може да го потврдиме местото на кое се наоѓа МХ 370“, рекол Хјустон.

Црните кутии би требало да дадат одговор на прашањето за тоа што се случило со авионот кој превезувал 227 патници и 12 членови на екипажот во моментот кој исчезнал на осми март.