![12](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/04/12.jpg?resize=696%2C482&ssl=1)
„Да сме среќни денес” е петта песна на македонскиот бенд „Extravaganza“.
Групата ја сочинуваат Јовче Воденичаровски (вокал и гитара), Крсте Калевски (гитара) и Наум Секуловски (кахон и тапани ).
Песната е работена околу 4 месеци, музиката е на Наташа Крстевска – Мијата, текстот е заеднички на Јовче Воденичаровски и Мијата, додека, пак, аранжманот го направи Ѓорги Вацев.
Песната доаѓа баш во вистински момент, за време на Велигденските празници и има посебна порака, да останеме дома и да бидеме среќни, на некој начин песната претставува анти-корона терапија.