Нова победа на Хамилтон, за Мерцедес титулата кај конструкторите

Британецот Луис Хамилтон е победник на трката за Големата награда на Бразил на патеката во Сао Паоло, претпоследната трка од Светското првенство во Формула 1, а неговиот тим „Мерцедес“ ја освои исто така титулата во рангирањето на конструкторите.

Луис Хамилтон и пред оваа трка ја обезбеди титулата, а последната на која официјално ќе биде промовиран во старо-нов светски првак ќе се вози за две седмици во Аби Дабич.

Хамилтон стартуваше од првата позиција и ја избори десеттата победа оваа сезона, и 72-та во кариерата, но многу лесно можеше да се случи и да остане без славење. Имено, ХоланѓанецотМакс Ферстапен од тимот на Ред Бул одлично возеше и прибегна кон одлична стратегија низ боксот во 40 круг го мина Хамилто. Но, клучниот момент на трката се случи четири круга подоцна, го Ферстапен кој беше во водство за цел круг се обиде да го мине Французинот Естебан Окон, тоа го стори, но Окон се обиде да ја врати загубената позиција и дојде до контакт на нивните болиди. Двајцата возачи се извртеа на пистата, а Хамилтон ги мина и го врати водството. Ферстапен на крајот мораше да се задоволи со второто место, додеа трет беше Финецот Кими Рајконен во „Ферари“.

Со триумфот на Хамилтон но и петтото место на Финецот Валтери Ботас, „Мерцедес“ веќе ја освои титулата кај конструкторите, бидејќи сега има 67 бодови повеќе од „Ферари“.