
Фудбалерите на актуелниот шампион Јувентус остварија нова победа во италијанското првенство во 13-то коло од Серија А, совладувајќи го во Торино СПАЛ со 2:0, а Рома беше поразена минимално во Удине.
Кристијано Роналдо ја доведе „Старата дама“ во водство во 29 минута, а конечните 2:0 беа дело на Марио Манџукичќ.
Претходно во саботата Удинезе пред своите гледачи ја победи Рома со 1:0, со голот на Де Пауло во 54 минута, со што „Волчицата“ се оддалечува сѐ повеќе од врвот.
На табелата води Јувентус а го следа Наполи со 28, Интер со 25 и Лацио со 22 бодови и меч помалку, а Рома е дури седма со 19 бодови но може по недела да падне за уште две места. Удинезе сега направи чекор во бегството од дното на табелата и е 16-ти со бод помалку од СПАЛ кој е на место погоре на табелата.