Нова понуда на пазарот: Прибор за преживување на брегзитот

Девет седмици во пресрет на излегувањето на Обединетото Кралство од Европската унија, една тамошна компанија на пазарот го пласираше „приборот за преживување на брегзитот“, за оние најзагрижените Британци да ги подготви за најлошото.

Бидејќи договорот за раздружување меѓу Брисел и Лондон сѐ уште не е на повидок, многу производители и продавачи предупредуваат дека брегзитот без договор поради претпоставениот хаос на границите, пристаништата и нарушувањето на линиите за снабдување би можело да предизвика недостиг од некои продукти и лекови.

Така, во „пакетот за брегзит“ се наоѓаат повеќе од стотина порции смрзната и дехидридана омилена британска храна: индиско пилешко, чили, макарони со сирење и фаџитас од пилешко, мелено месо и продукти како филтери за вода и течности за потпала. Таканарелениот „Brexit Box“ во малопродажбата чини 295 фунти, и со него се обезбедуваат оброци за следните 30 дена.

„Се наоѓаме среде процесот за брегзит на кој никој нема контрола и ниту нашата влада нема поим што ќе се случи. Но затоа можеме да ја земеме контролата во сопствените раце“, вели Џејсм Блејк, сопственик на компанијата којашто ги подготвува споменатите пакети кој вели дека веќе продал стотици пакети.

Дури и доколку брегзитот мине во најдобар ред, потрошувачите нема да ги фрлат попусто парите, бидејќи конзервираната храна од пакетот има рок на траење од 25 години.

Британската влада неколкупати повтори дека нема причина за трупање на продукти и дека единственот недостиг може да биде предивикан единствено од паниката. „Навистина бема потреба од тоа. Британија има доволно храна од сопствено производство, но и од увозот од трети земји“, порача владината портпаролка.