И во неделата жителите на охридско-преспанскиот регион беа вознемирени од неколку потреси на почвата од кои најсилниот бил со магнитуда од 4 степени според Рихтер.
Епицентарот на најсилниот денешен земјотрес кој е регистриран во 11,39 часот бил на 8 километри источно од Охрид, на длабочина од 3 километра, и бил почувствуван со интензитет од 5 степени според Европската макросеизмичка скала и во Струга и Ресен. Земјотресот предизвика вознемиреност кај граѓаните. Некои ги напуштија своите домови, а забележани се и помали оштетувања на постари објекти.
Земјотресот се случи во 14,31 часот со Рихтерова локална магнитуда 2,7. Според досегашните податоци, овој земјотрес е почувствуван во Охрид и околината со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.
Охриѓани се загрижени, бидејќи почвата во околината на градот се тресе веќе десеттина дена. Во изминатите десетина дена во охридскиот регион се регистрирани повеќе од 800 земјотреси, во најголем дел со слаб интензитет. Најсилниот според сеизмолозите е токму денешниот со интензитет од 4 степени според Рихтер.