Нова турска инвестиција во Бунарџик

Потпишан договорот со турската компанија „Пурпласт“ која отвара фабрика во Бунарџик.

Компанијата од автомобилскиот сектор за почеток ќе инвестира 5 милиони евра. Производствениот погон ќе почне со работа најдоцна до мај, а за почеток ќе бидат вработени 40 лица.

Според Договорот, државата на „Пурпласт“ и дава 2,5 хектари земјиште по субвенционирана цена, 2,5 милиони евра помош од кои 500.000 готовина и околу два милиона евра царински и даночни ослободувања.

– Станува збор за сериозна компанија со децениска традиција која вработува над 450 луѓе, извезува во над 36 земји во светот. Првата фаза од инвестицијата предвидува 40 – 50 вработени, а вкупната инвестиција над 200 вработувања. Почетната плата ќе биде над 21.000 денари, а може да достигне до 75.000 денари. Внимателно ќе го следиме овој сегмент, на платите. Ако оцениме дека е потребно, со дополнителни мерки ќе помогнеме за нивен натамошен раст – рече директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони, Јован Деспотовски по потпишувањето на Договорот.

Најавите се дека за 5 години инвестицијата ќе достигне 12 милиони евра а ќе се вработат над 200 лица.