Нова влада до 20 јуни, очекува Милошоски

Новата влада се очекува до 20 јуни, најверојатно ќе ја сочинуваат ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ, напиша на социјалната мрежа Х, Антонио Милошоски, актуелен пратеник од редовите на ВМРО ДПМНЕ.

Тој по вчерашното прегласување, на социјалната мрежа го објави официјалниот распоред во македонското собрание.

„Избори во Македонија,120 пратенички места: коалиција предводена од ВМРО ДПМНЕ освои 58 пратенички места, коалицијата предводена од ДУИ 18 пратенички места, коалицијата предводена од СДСМ 18 пратенички места, ВРЕДИ освои 14 пратенички места и помалите политички партии од македонскиот блок, ЗНАМ и Левица освоија по 6 пратенички места“, напиша Милошоски.