Новак Ѓоковиќ е првиот полуфиналист на Вимблдон

Новак Ѓоковиќ со доминантна игра оствари пласман во полуфиналето на грен-слем турнирот Вимблдон, совладувајќи го Давид Гофан со 3-0 во сетови. Во полуфиналната пресметка ќе го чека победникот од мечот меѓу Роберто Баутиста Агут и Гвидо Пела кој е во тек, а Шпанецот има предност од 2-0 во сетови.

Ѓоковиќ го доби првиот сет во 6-4 во гемови, иако прв го загуби сопствениот сервис, но потоа во серија направи два брејка и стигна до посакуваната „шестка“. Со тоа и дефинитивно го скрши отпорот на Гофан.

Вториот сет го освои лесно и убедливо без ниту еден загубен гем, а во третиот му дозволи два гема на противникот од Белгија.