Новата акциза ќе удри врз средната класа

Откако претходно седмицава беше најавено дека ќе биде зголемена акцизата за нафтата, експертите тврдат дека поскапувањето на дизелот најсилно ќе го почувствуваат граѓаните. Според статистиката од 2016-та година во Македонија се возат 226.513 автомобили на бензин, 203.643 возила се на дизел, 11.620 на плин и електрични 63 возила. Скоро една половина од сите возила во Македонија се на дизел гориво, пишува Економски.мк.

Сите корисници ќе треба да одвојуваат поголема сума на пари затоа што поради владината одлука, цената ќе биде доста зголемена.Тевдовски најави дека ова мерка ќе стапи во сила идната година. Со зголемената цена на дизелот за 3 денари заедно со ДДВ-то ените ќе бидат повисоки за 3,54 денари.

Со ова како што тврдат експертите се удира најмногу по сиромашните заради инфлационата спирала и очекуваниот раст на цените. Со поскапување на нафтата ќе дојде до покачување на сите производи бидејќи нафтата е главен инпут во голем дел од производството. Експертите велат дека дизелот е гориво за оние кои повеќе возат, па се одлучиле на дизел за да заштедат. Со стапување на новата мерка секое полнење на гориво во колата, граѓаните ќе треба да издвојат по 200 денари повеќе од досега.

Исто така со ова се удира и по компаниите кои се занимаваат со транспорт. Според проценките еден камион троши 40 литри дизел на 100 километри со новата мерка од владата камионите ќе треба да издвојуваат додатни 150 денари повеќе на 100 км. Со ова мерка значи намалување на заработката поради зголемените трошоци за гориво што треба да ги плаќаат сите оние кои се занимаваат со транспорт. Исто така и за приватниот сектор ова се огромни дополнителни трошоци.Покачувањата на трошоците ќе влијаат и врз малите и средните бизниси кои се борат за преживување и опстанок на пазарот, овие покачувања на трошоците ќе мора некако да ги компензираат односно или да отпуштаат работници а голем дел од нив ќе се сочат со големи тешкотии во работењето.

Транспортерите и таксистите се на удар од оваа мерка и секако јавниот транспорт кој го користат претежно лица со понизок доход. Со оваа мерка на владата експертите велат дека и градежниците се на удар кои ќе мораат да ги качуваат цените за да ги покријат додатните трошоци.Економистите предупредуваат дека со оваа мерка и извозот ќе стане понеконкурентен заради зголемените трошоци на претпријатијата.

Новата влада ветуваше живот и плата од 30.000 денари исто така јакнеење на средната класа. Со сите најавени мерки кои ќе ги спроведува новата влада првенствено се осиромашува и онака сиромашното население со покачување на нафтата која секако ќе има ефект врз покачување на цените на основните производи а се слабее средната класа. Ова ќе резултира со одделување на повеќе пари за задоволување основните потреби како храна облека и слично со што останува многу малку за другите потреби. Додатно, најавената мерка за субвенционирање во земјоделието само за оние земјоделци кои покажале 10% повисоко производство од лани е мерка со која се удира по вистинскиот односно обичниот земјоделец кој опстанува од оваа гранка. Со немање на поддршка од државата за унапредување на производството и негова модернизација малите земјоделци кои живеат од нивата земја ќе бидат уништени додека субвенциите ќе ги земаат претпријатијата кои се финансиски стабилни да вложат и да покажат повисоко производство. Со ваквата мерка се уништува средната класа која покрај работата додатно работат земјиште. Владата на СДСМ пред изборите ветуваше и зелена нафта за земјоделците но и тоа не се исполни

Очигледно е дека новата влада на чело со СДСМ едно зборува друго прави , се укина една давачка како радиодифузната такса се воведоа нови кои граѓаните нема да ги почувствуваат веднаш но долгорочно значи нивно осиромашување.