Новата конзервативна влада на Португалија ги врати државните симболи на своето лого

Новата португалска конзервативна влада, во својот прв указ, ги врати хералдичките симболи на официјалното лого, откако нејзините претходници воведоа „поинклузивно и секуларно лого“.

Меѓу симболите се армиларната сфера, рана астрономска направа што ја користеле навигаторите, пет штитови што ги симболизираат муслиманските кралеви поразени од кралот Алфонсо I од Португалија во 12 век и седум замоци што биле повторно заземени од Маврите за време на повторното освојување на Пиринејскиот Полуостров.

Сите симболи се наоѓаат на португалското знаме, а министерот Антонио Леитао Амаро на прес-конференција кажа дека овие симболи се „клучни за нашиот идентитет, нашата историја и култура“.

Минатата година социјалистичката влада воведе поедноставено лого со жолт круг помеѓу зелен и црвен правоаголник. Притоа, владата се осврна на инклузивноста и „визуелната компактност“, што не е практично.

Додека некои Португалци преку социјалните мрежи го поздравија враќањето на старите симболи, други пишуваа дека владата треба да има други приоритети поради зголемените животни трошоци.