Владата на Словачка побара од полицијата да ги истражи поранешната влада и нејзиниот министер за одбрана Јарослав Над за донирање борбени авиони и системи за противвоздушна одбрана на Украина, изјави во петокот владин претставник.
Новата влада предводена од премиерот Роберто Фико направи остар политички пресврт откако ја презеде власта во октомври 2023 година и ги запре државните бесплатни воени испораки на Украина, иако дозволи да продолжи комерцијалното снабдување.
Фицо уште во предизборната кампања ги обвини своите политички претходници дека со тоа ги осиромашиле словачките граѓани, посочувајќи дека Братислава не е толку богата за да може да набави нова воена опрема. Откако стана премиер во присуство на медиумите ги отвори воените складишта укажувајќи дека тие се речиси сосема испразнети.
Минатата година, претходната словачка влада донираше десетици ловци „МиГ-29“ од руско производство, тврдејќи дека бил приземјени и наводно не биле оперативни па нејасно е како Украина имала полза од тоа а Сливачка беше тогаш пофалена за потегот од сојзуниците во НАТО, како и системот за противвоздушна одбрана КУБ.
„Донацијата на системот за противвоздушна одбрана го изложи словачкиот воздушен простор и ги загрози граѓаните“, изјави Игор Мелихер, државен секретар во Министерството за одбрана и член на владејачката партија Smer-SD.
„Убеден сум дека Над ја предал Словачка. Министерството за одбрана поднесува кривична пријава поради сомнение за сторено кривично дело саботажа, односно велепредавство, злоупотреба на службената положба и неисполнување на должноста“, рече Мелихер на брифинг во живо пренесуван ја Facebook.
Над ја отфрла секоја вина и рече дека повторно би ја донел истата одлука. Во петокот немаше нови коментари од Над.
Еден од аргументите што ги изнесе Мелихер е дека претхидната влада владеела додека била во привремена должност и затоа имала ограничени овластувања да донесува одлуки за надворешната политика.
Обвинувањата доаѓаат во период на високополаризираната политичка сцена во Словачка, каде првирзаник на поранешната влада изврши неуспешен атентат врз Фицо кој постојано ги обвинуваше своите претходници дека нелегално и недемократски ја гонеле неговата партија додека тој беше во опозиција. Неговиот кабинет го укина специјалното обвинителство кое се занимаваше со корупција, го смени клучниот полициски персонал и презеде чекори за отстранување на управувањето со јавните медиуми.
Поранешниот украински министер за одбрана Олексеј Резников изјави за Reuters дека Над бил „проактивен и професионален“ за време на неговиот мандат.
„Можам со сигурност да кажам дека секоја акција на Јарослав имаше за цел да обезбеди словачките домови да останат безбедни и дека никогаш не го доживеале она што го доживуваат Украинците во моментов“, рече Резников.