Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 10.06 до 12.06.2022): Направени се 1.640 тестови, а се регистрирани 69 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 53, Битола и Тетово – по 3, Дебар – 2, Куманово, Прилеп, Гостивар, Штип, Струмица, Кочани, Свети Николе и Берово – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (69), имало 9 реинфекции.
Оздравеле 85 пациенти од: Скопје – 51, Битола – 9, Тетово – 6, Дебар – 4, Куманово и Прилеп – по 2, Гостивар, Штип, Струмица, Кочани, Свети Николе, Берово, Кавадарци, Велес, Охрид, Кичево и Струга – по 1.
Во текот на изминатите 3 дена (од 10 до 12.06.2022) не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин не се регистрирани починати лица.
Досега во земјата се направени вкупно 2.066.665 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 312.607, бројот на оздравени пациенти е 302.892, на починати е 9.316, а бројот на активни случаи изнесува 399.