Вториот најнаселен град во Грција влезе во четвртокот во „црвената зона“, соопшти премиерот Киријакос Мицотакис кој во петок ќе ги објави вонредните мерки во борбата со вториот бран на коронавирусот кои на сила ќе бидат најмалку еден месец.
Од утрото во петок во Солун ќе бидат затворени рестораните и кафулињата, а спортските и културните настани се откажуват. Другите рестриктивни мерки за движењето, исто така, ќе бидат разгледени, прецизираше заменикот министер за цивилна заштита Никос Хардалијас.
Освен Солун, кој според официјалните податоци има околу милион жители, Лариса во централниот дел од земјата, како и регионалната единица Родопи на североистокот од земјата, се наоѓаат во „црвената зона“, информирал премиерот Мицотакис на седницата на владата, пренесуваат медиумите.
„До денеска мора да се применуваат вонредните мерки во црвените зони: во Солун, Лариса и Родопи, што значи запирање на повеќето услуги, но не и на малопродажбата, како ниту затворање на училиштата“, истакнал Мицотакис.
„Соочени сме со вториот бран, посилен од пролетниот, нашиот здравствен систем е под досега најсилниот притисок“, додал грчкиот премиер.
Исклучувајќи го општиот карантин како оној од шест седмици пролетта, Мицотакис рекол дека во петок ќа најави „едномесечен план за дејствување за да се избегне најлошото“.
Од почетокот на седмицата бројот на новозаразените на дневно ниво во Грција речиси се удвоил и надмина од 790 во неделата на 1.547 во средата.
Поради тоа Грција одреди полициски час кој трае од 22,30 часот до 3 утрото во текот на две седмици во Атина и во Солун, двата најзафатени града со коронавирусот во кои живее речиси половина од наслението на земјата, или 10,9 милиони луѓе.
Грција и натаму е помалку погодена од другите земји во Европската унија со вкупно 43.229 зараени од појавата на епидемијата кон крајот на февруари и со 603 смртни исходи.
Повеќе од 100 лица во моментов во Грција се наоѓаат на одделите за реанимација, со просечна возраст од 65 години, според податоците на здравствените власти.