Нови цени на горивата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе ги соопшти новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ.

Минатата недела согласно одлуката на РКЕ, цените на горивата се зголемија.

Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголеми за 0,50 денар/литар, а цените на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемија за 1,00 денар/литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголеми за 1,50 денар/литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголеми за 1,089 денар/килограм и сега ќе изнесува 37,019 ден/кг.