Нови милион влезници за ЕУРО 2020 ќе бидат понудени во декември

УЕФА во саботата објави дека во декември ќе пушти во продажба нови милион влезници за Европското фудбалско првенство во 2020 година, како и дека тие ќе им бидат на располагање на навивачите на 20 фудбалски селекции кои веќе го обезбедија учеството на шампионатот.

Навивачите ќе можат влезниците да ги купуваат во периодот од 4-ти до 18-ти декември, а најевтините влезници ќе чинат 30 и 50 евра. Во Баку, Букурешт и Будимпешта најевтирните влезници ќе чинат 30 евра, а во Лондон, Минхен, Рим, Санкт Петербург, Амстердам, Копенхаген, Даблин, Глазгов и Билбао, за најевтините влезници ќе треба да се издвојат 50 евра.

Иако ЕУРО 2020 ќе се одржува во 12 градови ширум Европа, интересот за влезниците кои досега беа во продажба ги надминаа сите очекувања. Во јуни и јули УЕФА во продажба пушто 1,5 милиони влезници, а побарувачката беше многу поголема и достигна 19,3 милиони барања.

ЕУРО 2020 година ќе започне на 12-ти јуну во Рим, а финалето ќе се игра на 12-ти јули во Лондон.