Нови моменти во аферата за фалсификувани лични карти, донесува Ла Верита

Најновите документи за изборниот поткуп и измами кои ги објави италијанскиот весник Ла Верита, а се однесуваат на изборите во 2014 година и активностите на Зоран и Вице Заеви заедно со струмичкиот клан, повторно го отворија и прашањето за вмешаноста на Зоран Заев во обидите да се фабрикува афера за фалсификувани пасоши и лични карти за кои пишуваше неделникот Фокус во 2014 и 2015 година.

Транскриптите од следената комуникација со посебни истражни мерки покажуваат дека Заев и осудуваниот Захир Бекири Чауш имале блиска комуникација во врска со купувањето гласачи во 2014 година, но доказот за оваа блискост потсети и на прашањето дали дел од планот на Заев бил додека тргува со гласови паралелно да креира и афера во која јавноста ќе ја замајува дека ВМРО-ДПМНЕ е партијата која прави изборен криминал, а не самиот тој?

Во транскриптите од Основното Јавно Обвинителство за изборниот криминал на Заеви, а кои беа објавени од Ла Верита стои како Заев му наложува на градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ – Српче да контактира со Захир Бекири Чауш во врска со „некои важни документи“, после што и му го праќа на Српче бројот на Чауш. Српче го известува Заев дека исконтактирал со Чауш, а Чауш наложува на Заев да му се јави на командант Баци од Тетово бидејќи имал да испорача минимум 5000 гласови и бил човек од кого се плашеле и Тачи и Ахмети.

Оваа комуникација ја докажува директната поврзаност на Заев со Чауш, која досега јавноста ја оценуваше само со помош на една слика од кабинетот на Заев, како и со неговото јавно признание дека Чауш е член на СДСМ. Но овие транскрипти потврдуваат дека Заев и Чауш комуницирале и во врска со изборен криминал.

НЕУСПЕШНО ФАБРИКУВАНА АФЕРА ВО ПРОДУКЦИЈА НА ЗАЕВ И ЧАУШ ЗА КОЈА ЗАЕВ Е ПОВТОРНО АМНЕСТИРАН

Да се потсетиме на самите почетоци на аферата за т.н. фалсификувани пасоши и лични карти која ја објави Фокус. Новинарот Љубиша Арсиќ во ноември 2014 година објави текст за постоење на некаква тајна фабрика за изработка на пасоши кои ги злоупотребува тогашната власт на ВМРО-ДПМНЕ. Покрај текстот, Арсиќ и Фокус како „доказ“ објавуваат видео кое наводно треба да го докаже постоењето на оваа „фабрика за пасоши“.

На почетокот на снимката гласот пред да започне да зборува прашува „Може?“. Откако веројатно добива потврда дека камерата снима, има тишина од 10-тина секунди после кои започнува со својот монолог кој е кажан како да им дава инструкции на повеќе луѓе кои наводно работат во фабриката за пасоши и лични карти на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ајде ти, ти, то, то, ајде работи, ајде дотерувај ги работите, нека ода работите таму, шо е то? Не ги шајкам ич, ајде терај, знајш шо треба да работиш, ајде, вози“ – ова е дел од режираниот говор кој човекот го започнува невообичаено, одненадеж и по чие завршување повторно има чудна невообичаена тишина.

Веднаш по пишувањето на Фокус за оваа т.н. „тајна фабрика“, самиот Зоран Заев јавно зборуваше за видеото, како дел од пошироката слика која се обидуваше СДСМ да ја прикаже дека поразот на изборите во 2014 од 200.000 гласа разлика бил „украдена победа за СДСМ од страна на ВМРО-ДПМНЕ“, а фалсификуваните пасоши се дел од оваа изборна измама.

Фокус не застана тука. Една година подоцна, во ноември 2015 истиот новинар пишува нов „ексклузивен текст“ за навоно фалсификувани лични карти, кој се доведува во поврзаност со написот од ноември 2014 година – односно, покрај пасоши сега има и лични карти кои на Арсиќ му ги доставил анонимен извор. Со ова за авторите на сценариото им се чини дека сцената е добро изрежирана и дека јавноста ќе биде убедена во приказните на СДСМ за изборниот пораз.

Како „поддршка“ на лажните информации кои (свесно или несвесно) ги пласираше Арсиќ, тој за „истрагата за пасошите“, и покрај видеото кое го имаше како наводен „доказ“, доби и две награди, кои како да имаа за цел да ја верифицираат точноста на наводите на новинарот.