Милициите на побунетото јеменско племе Хути извеле нови напади со беспилотни летала врз аеродромите во Џизан и Аба, на југот од Саудиска Арабија, соопшти во саботата телевизијата Al Masirah блиска на споменатите шиитски бунтовници и додава дека двата аеродрома се надвор од употреба.
Телевизијата Al Masirah во извештајот наведува дека во „големата и опсежна“ операција со беспилотни летала биле успешно целени аеродромите во близина на Џизан и Аб(х)а. Според портпатолот на хутската милиција, аеродромите кои биле нападнати со дроновите од типот „Qasif K2“ сега се вон употреба. Според него, главни цели биле контролниот центар на аеродромот во Џизан и резервоарите за гориво на аеродромот во Абха.
„Двата аеродрома сега се надвор од употреба. Му ветивеме на саудискиот режим уште болни денови додека продолжува агресијата и опсадата на нашата земја“, објави портпролот на Хутите на Twittter.
Саудиската телевизија Al-Arabiya, пак, известува дека саудиската противвоздушна одбрана пресретнала балистички проектил истрелан кој јужниот град Абха. Во извештајот не се споменува новиот напад со дронови.
Од средата Хутите изведоа неколку напади со беспилотни летала врз реагионалниот аеродром во Абха, кога во воздушниот напад беа повредени 26 лица.
Коалицијата на сунитските земји предводена од Саудиска Арабија интервенира во јеменскиот граѓански конфликт за да го врати на власт претседателот Абд Раб Мансур Хади. Коалицијата во петокот објави дека пресретнатала пет дронови со кои бил нападнат аеродромот во Абха и градот Камис Мушаит во истиот регион.
Хутите ги оправдуваат овие напади како одмазда на воздушните удари од страна на саудиската авијација врз Јемен, а во минатото цели на нивните напади беа и нафтени постројки во Саудиска Арабија.