Земјите од Балтикот почнаа да градат ограда од околу 402 километри покрај источната граница на Европа со обид да го задржат напливот на мигранти, пишува „Дејли експрес“.
Естонија, Латвија и Литванија се здруѓија заедно за значително да ги зајакнат контролите на границата поради стравот дека мигрантите би можеле да почнат да ја избегнуваат Грција, па наместо тоа да патуваат преку Русија.
Овие три земји ќе им се приклучат на другите земји од Европа што веќе изградија огради на нивните граници со цел да го намалат приливот на мигранти.
Сепак, земјите членки на ЕУ што граничат со Русија сега стравуваат дека мигрантите би можеле да се упатат кон север со цел да ја избегнат Грција и да влезат во Европа низ помалку чуваните граници.
Нивните стравувања се оправдани откако минатата година во Финска околу 6.000 мигранти ја преминаа границата со Русија и побараа азил.
Како резултат на тоа Латвија и Естонија почнаа да градат ограда на нивната граница со Русија, со што ќе создадат непрекината бариера што ќе се протега околу 400 километри.
Во меѓувреме соседната Литванија, која не граничи со Русија, туку со Белорусија, која исто така не е членка на ЕУ, во моментов мобилизира стотици чувари на границата со цел да се подготви за мошниот наплив на мигранти.