Турција и Романија повторно беа погодени од силни земјотреси.
Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ), тлото се тресело прво во Турција.
Во Турција е регистриран земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот на земјотресот бил на само 11 километри од Малатија, која веќе била во центарот на силните потреси на земјата.
Набргу потоа бил регистриран земјотрес и во Романија.
https://twitter.com/LastQuake/status/1627278583025524736?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1627278583025524736%7Ctwgr%5Eabba65a845be725cdbaba7d2468eea3f9a7336dd%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.mkd.mk%2Fsvet%2Fvesti%2Fsilni-zemjotresi-vo-turcija-i-romanija
Тарга Жиу е градот кој деновиве е под најголем удар во Романија, тој беше погоден од земјотрес со јачина од 3,3 степени според Рихтер.
Повеќе од 46.000 лица загинаа во серијата земјотреси што ги погодија Турција и Сирија пред речиси две недели. Многубројните спасувачки екипи веќе ја напуштија Турција, а тамошните власти навестуваат дека наскоро ќе бидат прекинати сите спасувачки напори, бидејќи шанса да има преживеани под урнатините речиси и да не постои.