![odzacar-960x638](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/01/odzacar-960x638.jpg?resize=640%2C425&ssl=1)
Нови субвенции за чистење на оџаци Градот Скопје ќе продолжи да дава субвенции на сите кои ќе ги исчистат оџаците на домовите и деловните објекти и на тој начин ќе придонесат за почист воздух. Градските власти објавија новиот повик со кој ќе надоместуваат дел од трошоците на домаќинства и на други субјекти за чистење на оџаците, во износ од 1.000 денари.
Јавниот повик трае до крајот на ноември и ќе биде реализиран по принципот „прв дојден прв услужен“, односно додека не се потрошат средствата предвидени за оваа намена со Буџетот на Град Скопје за 2019 година.