Нови – трет сет тајни документи најдени во гаража и приватна библиотека на Бајден во Вилмингтон

Приватните адвокати на американскиот претседател Џо Бадјен пронашле „помало количество“ строго доверливи документи во неговата гаража во Вилмингтон во американската сојузна држава Делавер, објави во четвртокот Белата куќа.

Бајден призна дека тајните документи биле чувани во неговиот дом, во неговата лична библиотека. Доверливите материјали, од кои ова е трета серија од почетокот на седмицава, се однесуваат на периодот кога актуелниот станар на Белата куќа беше потпретседател во администрацијата на претседателот Барак Обама.

Претходно во вторникот во Сиудад де Мехико на заедничката прес-конференцијата со челниците на централноамериканските држави Бајден на новинарите им кажа дека „сериозно ги сфаќа“ тајните документи.

Со законот од 1978 година ги обврзува и американските претседател и потпретседатели целата документација, писма, работни документи и електронски писма, по завршувањето на мандатот да ги предадат во Националниот архив на САД.

Доколку се покаже дека Бајден ги поседувал документите кога бил надвор од администрацијата, односно како приватно лице, тогаш значи кршење на прописите.

Белата куќа во средата потврди дека Бајден ги користел споменатите простори во Вашингтон, каде беа најдени првите два сета доверливи документи, во периодот меѓу 2017 и 2020 година, кога повеќе не бил во администрацијата. Чувањето доверливи материјали изнесени од Белата куќа минатата година беа причина за претресите на имотот на претходниот претседател Доналд Трамп во Мар-а-Лаго на Флорида. Бидејќи не ги предал во Националниот архив, се соочува со кривично гонење.

„Тие (личните адвокати) ја завршија проверката минатата ноќ. Пронајдоа мал број документи со ознака за доверливост во просториите за складирање во кабинетите за документи во мојата куќа, во мојата лична библиотека“, изјави Бајден за новинарите.

По читањето на напишаната изјава, Бејден вети дека подоцна во текот на денот подетални ќе зборува на оваа тема и ќе ја продолжи соработката со Министерството за правосудство коешто започна проверка на материјалите и текот на настаните.

По откривањето на десетината доверливи документи во канцеларијата којашто Џо Бајден ја користел во Вашингтон и кога бил потпретседател но и по заминувањето од должноста, неговите лични адвокати ги прегледале и неговите две приватни резиденција во кои доверливите документи „би можело да бидат преместени во текот на транзицијата (на власта) во 2017 година“, соопшти специјалниот советник на Бајден Ричард Саубер.

„Само еден спис е пронајден во просторијата веднаш до гаражата (во Вилмингтон), а никакви документи не се пронајдени во домот на Бајден во Рехобот Бич (исто така во Делавер)“, тврдеше во четвртокот Саубер.

Во изјавата за медиумите тврдеше дека администрацијата „целосно соработува“ за да се „постапува исправно“ со споменатите документи.

Овие откритија преставуваат голема непријатност за демократскиот претседател, бидејќи властите и Министерството за правосудство со месеци го истражува неговиот републикански претходник на должноста. Притоа забележливо е што американските мејнстрим медиуми свртуваат внимание на количеството доверливи документи наводно најдени кај Трамп и оние кои ги пријавија адвокатите на Бајден.

Американската американската телевизиска мрежа NBC News во средата објави дека доверливите документи биле пронајдени „на место надвор од канцеларијата во Вашингтон која Бајден ја користел по напуштањето на администрацијата на (поранешниот претседател) Барак Обама“.

Претходно во вторникот CBS News извести за откривањето доверливи документи во кабинетот на Бајден во аналитички центар во Вашингтон. Материјалите, коишто се однесуваат на периодот кога актуелниот станар на Белата куќа бил потпретседател, ги откриле негови лица од доверба пред одржувањето на меѓуизборите во ноември 2022 година.

Подоцна телевизијата CNN објави дека меѓу откриените тајни документи имало разузнавачки податоци за Украина, каде во тој период неговиот син Хантер Бајден беше во водството на приватната енергетска компанија „Burisma“, како и за Иран и за Велика Британија.

Документите веднаш биле предадени во Националниот архив на САД, но Министерството за правосудство сега проверува како тие се нашле во приватната канцеларија. Белата куќа претходно потврди дека Бајден ги користел споменатите простори во периодот меѓу 2017 и 2020 година, кога повеќе не бил во администрацијата.

Бајден изрази изненаденост од фактот дека во неговата приватна канцеларија биле пронајдени доверливите документи и изјави дека не ја знае содржината на документите. Надзорниот комитет на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, каде мнозинство имаат опозициските републиканци, започна истрага за тоа дали претседателот ги почитувал правилата за ракување со доверливи документи во време кога тој ја извршуваше функцијата потпретседател на земјата.

Во понеделникот адвокатот на Белата куќа потврди дека доверливите документи од потпретседателските денови на актуелниот претседател Џо Бајден ги откриле во ноември неговите лични адвокати во просториите на вашингтонскиот тинк-тенк.

Близу десет документи биле пронајдени во канцеларијата на Бајден во Центарот за дипломатија и глобален ангажман „Пен Бајден“, извести CBS News, додавајќи дека од американскиот државен правобранител во Чикаго е побарано да ги прегледа тајните документи.

Доверливите материјали ги идентификувале личните адвокати на Бајден на 2-ри ноември 2022 година, неколку дена пред одржувањето на меѓуизборите на 6-ти ноември, изјави Ричард Саубер, специјален советник на американскиот претседател.

Потврди дека Бајден ги користел тие канцеларии од средината на 2017 до почетокот на својата претседателска кампања во 2020 година. Додаде дека канцеларијата на советникот на Белата куќа го известил Националниот архив истиот ден за откривањето на документите, како и дека тие биле преземени следното утро.

Саубер, исто така, рече дека документите не биле предмет на никакво претходно барање или истрага на Националниот архив. Тоа би можело да значи дека не биле најдени траги за постоење на овие доверливи документи во другата документација предадена на архивот.

Документите биле откриени кога личните адвокати на Бајден наводно „подготвувале досиеја чувани во заклучен шифоњер за да се подготват за напуштање на канцеларискиот простор во Центарот Пен Бајден во Вашингтон“, како што тврдеше Саубер. Додаде дека Белата куќа соработува со Министерството за правосудство и со Националниот архив.

Во соопштението на Саубер не се споменуваше бројот на доверливите документи, нивната содржина ниту нивото на тајност. Во првичниот прилог на CBS News беше наведено само дека тие не содржат нуклеарни тајни.