Новинарот на „Лајм“ нема ниту гребнатинка, а тврди дека полицијата го тепала

Новинарот-практикант на весникот „Лајм“, дваесет и двегодишниот Бесим Ибрахими, за порталот „Плусинфо“ изјави дека бил тепан по рацете и по главата, откако бил уапсен на насилните протести по повод пресудата за „Монструм“.

Откако беше пуштен од притвор, Ибрахими за медиумите финансирани од СОРОС, раскажа дека освен физички, бил и психички малтретиран од полицијата иако целата македонска јавност беше сведок на професионалниот однос на специјалците на терен.

Истовремено, новинарот-практикант тврдеше дека на терен ја вршел новинарската задача и дека не учествувал во немирите пред општина Чаир, предизвикани од насилници кои бранат луѓе осудени за најгрозоморното убиство случено во Македонија изминативе години.

„Јас бев на служба и бев околу 200 метри од толпата и известував, репортерската работа си ја извршував. Од позади ми пријдоа специјалци и ми рекоа „легни на земја“. Јас го направив тоа што ми го кажаа и им објаснив дека сум новинар. Ми рекоа дека не сум новинар, ме тепаа со пендрек по рацете и по главата и ме приведоа“, рече за „Плусинфо“ Ибрахими.

Ваквата негова изјава е сомнителна бидејќи според информациите до кои дојдовме, новинарот-практикант не само што не бил тепан од страна на полицијата, што може да се забележи и од фотографијата, туку самиот провоцирал реакција од полицијата, која го задржала професионалното ниво.

Ако неговиот исказ е вистинит, Ибрахими треба да одговори дали за повредите бил на преглед во болница и дали има лекарско уверение, кое се издава по барање на секое повредено лице. Она што можеме сите да го видиме од неговите фотографии е дека тој нема ниту гребнатинка, уште помалку модрици и рани, кои би ги имал ако навистина, како што самиот тврди, бил тепан со пендреци.

Неговата изјава наспроти очигледното, остава простор за сомнеж дека зад оваа приказна стои нешто сосема друго.

Според информациите, не е исклучено новинарот практикант за овие манипулативни изјави да е финансиран од странски фондови кои шират радикален исламизам во Македонија и кои го злоупотребуваат случајот „Монструм“ во кој беа егзекутирани четири деца, се’ со цел постигнување на целта на радикалниот ислам.

Овој 22-годишник и медиумите кои ја “испумпаа“ неговата изјава треба да знаат дека нивните зборови се сериозни обвинувања, непоткрепени со факти, чија цел очигледно е да претстават лажна слика пред јавноста и да го подгреат нетрпението.

Додавајќи “масло на огнот“ тие треба да знаат дека снимките од протестите се јавно објавени, сите граѓани на Македонија видеа кој беше насилен, кој беснееше, напаѓаше, тепаше, а од друга страна видовме дека полицијата на ниво на задача остана смирена, професионална и уште еднаш ја покажа својата способност да се справи со вакви ситуации, бранејќи ги граѓаните и институциите кои беа нападнати.