Новинарот Зоран Димитровски, е избран за генерален секретар на Демократскиот сојуз.
Одлуката ја донесе централниот совет на партијата, во пресрет на изборите што треба да се одржат на 12 април. Од Демократскиот сојуз велат дека се отворени за соработка со партии кои се за силна борба против корупцијата.
Зоран Димитровски e долгогодишен професионален новинар и уредник. Бил главен и одговорен уредник на три дневни весници, „Вечер“, „Дневник“ и „Нова Македонија“ и на неделникот „Фокус“. Димитровски е магистер по политички науки од Централниот европски универзитет во Будимпешта.
Предавач е на Институтот за комуникациски студии,а долги годни предавал новинарски предмети на поранешната Висока школа за новинарство и за односи со јавноста.