Новиот британски министер за финансии верува „тешки одлуки“

Новиот британски министер за финансии Џереми Хант изјави во саботата дека некои даноци мора да пораснат, сигнализирајќи уште еден остар пресврт во политиките на премиерката Лиз Трас која се бори да ја сочува позицијата по само малку повеќе од еден месец од мандатот, и вети „тешко одлуки“.

Во обидот да ги примири финансиските пазари кои се во превирања веќе три седмици, Трас во петокот го смени Кваси Кавртенг од позицијата министер за финансии и ги укина деловите од нивниот заеднички контроверзен економски пакет.

На итно свиканата конференција за медиумите набрзо по смената на Квартенг, Трас рече дека стапката на корпоративниот данок ќе биде зголемена, а дека државната потрошувачка ќе порасне помалку отколку што претходно било планирано.

„Ќе имаме многу тешки одлуки пред нас… Она што луѓето го сакаат, што пазарите го сакаат, е дека на земјата сега ѝ е потребна стабилност“, изјави Хант за Sky News.

Хант би требало да ги објави владините среднорочни буџетски планови до 31-ви декември, што е клучен тест за неговата способноста да им покаже на инвеститорите дека може да се обнови довербата во економските политики.

„Некои потези нема да бидат намалени онолку брзо колку што луѓето сакаат, а некои даноци ќе пораснат. Така што ќе биде тешко“, рече новиот британски министер за финансии.

Хант рече дека се согласува со основниот пристап на Лиз Трас во обидот да се придвижи економскиот раст, но начинот на кој таа и Квартенг тоа го сториле не успеал. „Имаше грешки“, рече министерот.