![miloseski](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/12/321278235_565286798947512_5725238655132586489_n.jpg?resize=678%2C398&ssl=1)
Новиот директорот на АНБ, Зарко Милошевски, дојде во Собранието каде што на седница за Комисијата за надзор над работата на Агенцијата, за да реферира за случајот „Онишченко”.
Седницата е затворена за јавноста.
Инаку, денешната седница на Комисијата за надзор над работата на АНБ и на АР е продолжение на веќе започнатото заседание на ова собраниско тело за улогата на АНБ во давањето позитивно мислење за македонското државјанство на контроверзниот Украинец Олександр Онишченко. Тогаш пред комисијата реферираше поранешниот директор на Агенцијата задолжена за безбедноста на државата, Виктор Димовски.
Седницата беше прекината поради безбедносен пропуст кога дел од сведочењето на Димовски одеше тонски на собранискиот јутјуб-канал.
Дека новиот директор на АНБ ќе продолжи со истрагата и за тоа ќе реферира пред собраниската комисија и пред Владата, минатата недела соопшти премиерот, Димитар Ковачевски.
По завршувањето на оваа, Комисијата за надзор над работата на АНБ и АР има закажано уште една седница, на која Милошевски треба да ги информира пратениците за активностите што ги презема Агенцијата во врска со лажните дојави за бомби.