Во новата програма на ВМРО-ДПМНЕ е предвидено изградбата на концертната сала за Македонската филхармонија со која македонските уметници, конечно, ќе добијат нов современ објект според сите светски стандарди, објект во кој ќе можат да ги презентираат своите креации, а граѓаните на нашата држава ќе може да проследат гостувања на многу светски уметници и оркестри.
Во новиот објект се предвидени голема сала со капацитет на гледалиште од 1.000 седишта и мала сала за камерни изведби со капацитет на гледалиште од 300 седишта.
Воедно ќе продолжи со реализацијата проектот со кој Скопје ќе добие нов, мултифункционален репрезентативен центар каде што ќе се реализираат разновидни програмски содржини и голем број активности од областа на културата и уметноста.
Конгресниот центар ќе содржи голема сала со капацитет до 1.500 седишта, повеќенаменска сала со од 100 до 200 седишта, конгресна сала со капацитет од 100 до 200 седишта, четири мултимедијални сали со капацитет од 30 до 40 седишта и шест сали за билатерални средби на кои ќе може да присуствуваат 6-10 лица.