Новиот крал Чарлс бил и во Македонија – имал средба со претседателот, но и со еден наш музичар, единствен со кого се запознал лично со него (ФОТО)

Малкумина знаат дека новиот британски Крал Чарлс ја посети Македонија. Тоа се случи во ноември 1998 година. Не можат да се најдат многу информации за целта на неговата посета но од она што се знае е дека тој имал прием во хотелот „Континентал“.

Од пред 24 години датира и фотографијата на тогашниот принц со гитаристот Влатко Стефановски. На средбата Влатко на Чарлс му го подарил цедето од тогаш новиот албум „Џипси Меџиќ“.

Освен тоа на Гугл може да се пронајдат фотографии и како тој имал посета со првиот претседател на Македонија, Киро Глигоров, но и дека бил во работна посета на Охрид.