Новиот поглавар на ИВЗ го негира претходникот: Коронавирусот не е мртов

За новиот реис на ИВЗ Ковид вирусот е жив и е опасен. За разлика од неговиот претходник Сулејман Реџепи кој го прогласи вирусот за умрен, новиот поглавар смета дека коронавирусот е присутен и брзо се шири. Шаќир Фетаху  порача дека како верска институција тие  не се компетентни да ја оценуваат болеста, пренесува Сител. 

Фетаху на првата средба со новинарите вети транспарентност и отчетност, но сепак не откри дали поради помладата сопруга или пак финансиски биле причините за разрешувањето на Реџепи. Првиот човек на ИВЗ рече дека едноставно дошло  време  да се случи промена а примопредавањето поминало добро и институцијата ја затекнале стабилна.

Шаќир Фетаху најави реформирање на ИВЗ со својот нов тим меѓу кои беа присутни скопскиот, тетовскиот, муфтиите од Охрид и Куманово.