Новиот шеф на „Boeing“ соочен со притисок од ЕУ поради „Embraer“

Додека новиот челник на американскиот производител на авион „Boeing“ се занимава со криза околу спорниот модел од авионот „737 MAX“, сега е соочен и со притуисокот од европските регулатори околу договорот за купувањето на бразилскиот произведувач „Embraer“, клучен за долгорочната стратегија на компанијата.

Регулаторите на Европската компанија кои ја истражуваат оваа зделка во износ од 4,2 милијарди американски долари побарале повече од 1,5 милиони странции документи за купопродажните договори во последните 20 години, изјавиле за Reuters два упатени извора.

Барањето за доставување на толку обемна документација упатува на голема загриженост поради договорот, којшто, како што сметаат во Брисел, ќе го намали бројот на водечките играчи на глобалниот воздухопловен пазар од три на два.

Секое одложување на зделката би претставувало нов удар за „Boeing“ кој во понеделникот го именуваше Дејвид Калхун за нов извршен директор во време на кризата предизвикна од приземјувањето на најпродаваниот модел „737 МАХ“ по двата катастрофални пада.

Регулаторите ширум светот ги повлекоа од сообраќај авионите од типовите „Boeing 737 MAX“ по двете големи катастрофи. На 10-ти март во Етиопија се урна авионот „Boeing 737 MAX 8“ на воздухопловната компанија „Ethiopian Airlines“, при што загинаа 157 луѓе, а претходно на 29-ти октомври 2018 година во пад на авион од истиот модел на компанијата „Lion Air“ во Индонезија загинаа 189 лица. Менаџментот на „Boeing“ призна дека во двата случаи во авионите пред да се урнат имало дефект во системот за подобрување на маневрирањето, што дефинитивно значеше прекин на експлоатирањето на леталата од оваа серија.

„Boeing“ се согласи да купи 80 отсто од дејноста на „Embraer“ во сферата на комерцијалните авиони кој му конкурира на еврипски „Airbus“ на пазарот на воздухоплови со капацитети со помалку од 150 патници.

А додека сопарничкоте преземање на „Embraer“ се закочува, „Airbus“ претходно го купи главниот конкурент на бразилската компанија – канадски „Bomardier“ и се обидува да ја зголеми продажбата на својот модел „А220“.

Првично планиран за 2019 година договорот меѓу „Boeing“ и „Embraer“ е одложен откако Европската комисија во октомври одлучи да ја прошири истрагата и неговата реализација сега се очекува кон крајот на февруари наредната година.