Новиот сој на коронавирусот е надвор од контрола, предупредува Лондон

Британскиот министер за здравство Мет Хенкој изјави во неделата дека новиот сој на коронавируост е „надвор од конрола“, правдајќи го затворањето на Лондон и југоистокот на Англија кое може да трае додека не биде вакцинирано населението.

„За жак, новиот сој е надвор од контрола. Мораме повторно да воспоставиме конрола, а тоа е можно единствено со ограничување на социјалните контакти. Ќе ниде многу тешко да се држи под контрола додека не биде вакцининаро целото население“, изјави Хенкок за телевизијата Sky News.

Владата на премиерот Борис Џонсон во саботата вечерта прогласи карантин за Лондон и за југоистокот и дел од истокот а Англија, со што најмалку 16 милиони луѓе ќе мора да останат дома и да ги откажат празничните дружења.

Затворени се сите продавници кои не продаваат храна и основни потреби и забрането е патувањето надвор од овие зони за кои е прогласено највисокот ниво на претпазливост, било во други делови од Обединетото Кралство, било во странство. Баровите, рестораните и музеите се заторени уште од почетокот на седмицата.

„Ова е голем предизвик за сите додека не биде извакцинирано населението. Со тоа ќе се бориме следните месеци“, предупреди Хенкок.

Велика Британија ја известо Светската здравствена организација (СЗО – WHO) дека новиот сој од вирусот се шири побзо и до 70 отсто, според премиерот Џонсон.

Владиниот научен советник Патрик Валанс изјави дека новиот сој, покрај тоа што побрзо се шири, станува и доминатна форма која во декември довела до остар раст на хоспитализации. Според него, овој сој се појавил кон средината на септември во Лондон и во грофовијата Кент.