Новиот состав на Кнесетот распуштен, Нетанјаху убеден во нова победа

Пратениците во новиот состав на израелскиот парламент (Кнесетот) во четвртокот го потврдија гласањето за распуштање на ова тело, со што се создаваат услови за распишување нови парламентарни избори откако долгогодишниот премиер Бенјамин Нетанјаху не успеа во определениот рок кој истече во средата на полноќ да формира коалиција којашто ќе ја сочинува новата влада.

Нетанјаху, кој доби пет премиерски мандати, со ова се одлучи изборите да се повторат на 17-ти септември, наместо израелскиот претседател Реувен Ривлин да се обиде на некој друг политичар да му даде шанска да ја состави владејачката коалиција. Овие избори, вторите годинава откако на оние од 9-ти април Нетанјаху победи, претставува пресврт без преседан дури и за Израел, каде што политичките превирања се многу чести.

„Ние ќе победиме“, порача челникот на десничарската партија Ликуд, Бенјамин Нетанјаху откако парламентот гласаше за нови избори по исткот на рокот до кој имаше можност да формира влада, негова петта по ред. Медиумите притоа потсетуваат дека борбениот израелски премиер по долгогодишноте владеење се соочува со три обвиненија за корупција.

Сегашниот предизвик пред кој се најде Нетанјаху, според официјалните објаснувања, произлегол од кавгата за регрутирањето на припадниците на израелската восјак, и тоа меѓу неговите потенцијални коалициски партии, односно поранешниот министер за надворешни работи а потоа и за одбрана Авигдор Либерман и ултраортодоксните еврејски партии. Овие партии сакаат младите кои посетуваат верски училишта да бидат изземени од таквата обврска, но Либерман, но и многу други Израелци, сметаат и дека и тие би морало да ги споделат тој товар.

Соочен со можноста да биде блокиран пред истекот на рокот од 42 дена, колку што имаше на располагање за составување на новата влада, Нетанјаху се определи за распуштање на Кнесетот, обвинувајќи го истовремено Либерман дека сака да го собори. Либерман, од своја страна, ги отфрли овие обвинувања.

Новите избори би можело да предизвикаат нов дополнителен застој во спроведувањето на американските напори за да се спроведе планот на американскиот претседател Донал Трамп за да се реши деценискиот израелско палесински конфликт. Но и пред да биде објавен овој план, Палестинците го одбија и покрај тврдењата на Трамп дека станува збор за „договорот на столетието“.

„Сега тоа е договор за следниот век“, коментираше главниот палестински преговарач Саеб Ерекат за израелското радио откако стана јасно дека се оди на нови избори.

Преговарачкиот тим на Белата куќа, во чиј составе и зетот на американскиот претседател Џарде Кушнер, во моментов е на Блискиот исток во обидот да добие поддршка за она што тој го нарекува економски собир во Бахреин ви јуни, за да поттикне инвестиции на окупираниот Западен брег и во Појасот Газа.