Откако вчера во јавноста се објавија две анкети кои покажуваа пад во довербата на владата на премиерот Зоран Заев и предност во рејтингот на опозициската ВМРО ДПМНЕ во однос на владејачката СДСМ власта однос со изјави дека изборите договорени за 12-ти април би можеле да не се одржат.
Како можен повод за одложување на договрениот изборен ден Заев денеска ги посочени законите кои што чекаат за гласањето во Собранието и кои поради повеќе причини можно е да не бидат донесени пред да се распушти парламентот.
Заев вели дека доколку не се донесат суштинските закони, како оние за зголемување на пензиите и платите во јавниот сектор избори може да нема во април.
„Доколку во Собранието не бидат донесени суштинските закони кои се значајни за животот на граѓаните, тогаш изборите може и да се одложат. Сто пати сум кажал досега дека изборите не треба да се одложуваат, но истовремено должност пред се граѓанска и политичка е да не дозволиме било што да ја закочи реализацијата на она што значи интерес на граѓаните, рече Заев.
Ваквата најави од пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ е протолкувана како уште еден во низата изговори на премиерот да го избегне изборното соочување особено сега откако излегоа резултатите од последните анкети.
„Цело време се обидува да внесе смут и во Собранието, меѓу коалициските односи во неговата Влада и со разни идеи само за да избега од изборите. Веројатно во текот на вчерашниот ден добил нови анкети на својата маса и видел дека трендот на поддршката која тој ја има е во екстремно надолна линија“, вели Димовски.
За одржување на изборите во договрениот термин е владејачката ДУИ. Пратеникот Артан Груби вели нема никакви пречки за одржување на изборите и смета дека доколку постои политичка волја сите закони би можеле да бидат донесени пред завршување на мандатот на овој пратенички состав.
Инаку анкетата што вчера ја објави порталот мкд.мк покажува дека додека рејтингот на ВМРО ДПМНЕ континуирано раст, довербата во СДСМ опаѓа. Така ако утре се одржат парламентарни избори за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 14,17 отсто од испитаниците, а за СДСМ 11,58 отсто од анкетирани.