Ново детско игралиште во Илинден

Дечињата од населбата Илинден од денес добија ново детско игралиште кое се наоѓа во рамки на Домот на култура „Илинден“.

Детското игралиште е ново освежување на просторот околу Домот на култура а опремено е со детски реквизити, како лизгална, форми на коњчиња, клацкалки, лулашка, гумен под,  оградено е со панелна ограда, клупи, канти за отпадоци за почиста и поубава средина.

Според градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски новото детско игралиште е одлично надополнување на на целиот комплекс, а дечињата и од овој дел на населбата ќе имаат одлично катче за дружење и рекреација, каде ќе можат да го поминуваат слоборното време во игра и забава.

Новото детско игралиште претставува континуитет на успешните проекти на општина Илинден, кои ќе се реализираат во наредниот период и во останатите населени места.