Ново поскапување на горивата во Македонија

Бензините поскапуваат за половина денар, дизелот за 1 денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Според последната корекција на цената која ја напраби Регулаторната комисија за енергетика, од полноќ, литар дизел ќе се точи за денар поскапо и ќе чини 59.5 денари.

Не се менува цената на ЕУРОСУПЕР БЦ 95  и таа ќе биде 66.5 денари за литар додека 98 октанскиот бензин ќе биде поскап за половина денар и ќе се точи за 68.5 денари по литар.