![Nezavisen sindikat na gradezni rabotnici](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/08/Nezavisen-sindikat-na-gradezni-rabotnici.jpg?resize=696%2C457&ssl=1)
Независниот синдикат на градежни работници, инженери и трговци во градежништвото (НСГРИТГ) денеска најави дека ќе организира мирен протест поради одлуката за зголемување на цената на струјата за 7,4 проценти, оценувајќи дека тоа е показател за недомаќинско работење.
Добро беше што се зголеми минималната плата од 14.500 на 14.900 денари, но, дополни Трајковски, еве на кој начин пробуваат тие пари да ги земат од џебот на производствениот работник.
– Ситуацијата е – дај им па ќе им земеме. Не може така. Пресметав дека мојот џеб како просечен работник во текот на годинава во просек ќе биде оштетен некаде за 500 денари, така што ете како покачувањето од 500 денари ќе си го вратат назад. Не смееме да дозволиме покачување на платите од наши џебови, кое е популизам, а сега сакаат да го вратат. Ги повикувам сите работници да излезат на мирен протест кога ќе го организираме, изјави Трајковски.
Претседателот на Независниот синдкат на камионскките работници Страшо Јованов, пак, оцени дека едно од најголемите криминални дејствија што биле извршени во тек на пандемијата е тоа што газдите во име на работниците добија финансиски средства, но наместо да им ги дадат на работниците ги ставиле во свој џеб.
– Тоа е најтежок криминал што можеше да се случи, рече Јованов, дополнувајќи дека работниците ќе биле заштитени од таков грабеж доколку бил прифатен предлогот што овој синдикат го достави пред една година до Министерството за труд и социјална политика за формирање координативно тело за заштита на работниците со учество на повеќе институции и синдикати.