Бројот заболени од новиот коронавирус веројатно е близу бројката од 25.000, што е многу повеќе од 2.835 лица колку што официјлно потврдија во понеделникот властите во Пекинг, додека во фаза на инкубација веројатно се речиси 44.000 лица, изјави висок функционери за јавно здравство од Хонгконг.
„Според состојбата во 18 часот (13 часот по македонско време), вкупниот број лица со пневмонија предизвикана од новиот вид коронавирус достигна 2.835 лица, од нив почина 81, а 57 лица се отпушетни од болниците“, пренесе во понеделникот кинеската државна телевизија повокувајќи се на државната комисија за здравство.
Меѓу жртвите е и деветмесечно дете. Бројот на сомнителни случаи тројно се зголемил во последните 24 часа, на речиси 6.000, според официјлните податоци.
Епицентарот на болеста е градот Вухан во централната покраина Хубаи, а заболени има и во другите големи грдови, како што се Пекинг, Шангај, Шензен и Кантон. Кинеските власти во карантин ставија речиси 20 градови околу Вухан, со вкупно 56 милиони жители.
Габриел Леунг, декан на Медицинскиот факултет „Ли Ка Шинг“ на Универзитетот Хонгконг, изјави дека истражувањето на неговиот тим покажало дека бројот на заболените веројатно е поблиску до 25.000, додека во фазата на инкубација, во којашто сѐ уште нема симптоми, би можело да се 44.000 луѓе. Во Хонгконг, инаку, се потврдени се осум заболени.
Леунг, кој е советник на владата во Хонгконг во подготовките за справување со оваа болест, вели дека неговиот тим очекува дека бројот на заразените„ќе се удвојува на секои шест дена, доколку изостане каква и да е интервенцијата во јавното здравство“.
Ги повикува властите ширум светот што е поскоро можно да преземат „драконски“ мерки за да се ограничи движењето на населението. „Мораме да се подготвиме дека оваа епидемија може да се претвори во светска“, предупредува.
Леунг вели дека се чини дека вирусот се шири слично на MERS-от, блискоисточниот респираторен систем, што значи дека заразените може да заразат други лица додека се во фазата на инкубација или само што ќе почнат да покажуваат симптоми на болеста.
Сличното заболување предизвикано со коронавирусот на SARS, односно тешкиот акутен респираторен систем, усмрти 300 лица во Хонгконг во 2003 година, а го ширеа само пациенти со тешки симптоми на заболувањето.
„Овие видови патогени веројатно се ширан преку воздух отколку како големи капки, па ношењето хируршки маски и избегувањето на гужви се важни превентивни мерки“, истакнува Леунг.