Американската администрација смета дека е бесмислено да се воведуваат ткн „превентивни“ санкци против Русија доколу таа наводно ја нападен Украина, како што предлагаат бројни американски сенатори, изјави во неделата за телевизиската мрежа CBS News, заменичката државен секретар Викторија Нуланд.
Запрашана дали американскиот претседател Џо Бајден има намера да стави вето на нацрт-законот за санкции против Русија доколку тох предвудува воведувања превентивни казнени мерки, Нуланд не даде директен одговор, но истакна дека администрацијата „активно работи со Конгресот на овој предлог-закон“.
Истовремено, заменичката на американскиот државен секретар јасно стави до знаење дека администрацијта е против однапред преземање какви и да се мерки против Русија.
„Во однос на тој пакет санкции, знаете дека ограничувањето најдобро функционира кога има одредена стратешка неизвесност што точно ќе сториме. Затоа рековме дека тоа ќе бидат економски мерки, разговаравме за контрола на извозот, разговаравме за нови санкции против руските елити, но ако ги откриеме сега, Русија може да започне да презема мерки за нивно ублажување, а тоа ни излгеда бесмислено“, рече Нуланд.
Претходно во неделата во заедничка изјава за телевизијата CNN, шефот на надворешнополитичкиот комитет на Сенатот, демократот Роберт Менендез изјави дека дека од планираните санкции против Русија може да бидат воведени и превентивно. Неговиот републикански колега Џим Риш, исто така, призна дека конечниот пакет мерки може да комбинира непосреди и одложени санкции.
Американската администрација претходно се спротивстави на воведувањето на санкциите пред наводно планираната руска инвазија врз Украина, бидејќи во спротивно тие ќе го изгубат одвраќачкиот ефект.
Зборувајќи за потенцијните нови санкции, Нуланд рече дека од економски аспект тие ќе им нанесат „силен удар“ на Русите.
„Ако тој (рускиот претседател Владимир Путин) влезе во Украина, ќе ги почувствува (санкциите) силно, како што ќе ќе ги почувстува и рускиот народ по нивната економија. Тие ќе им зададат силен удар“, тврди Нуланд.