ВИДЕО: Нуланд: Е… ја ЕУ!

На видео каналот Јутјуб се појави аудио снимка на која може да се слушнат гласови кои наликуваат на гласовите на помошник државниот секретар за Европа и Евроазија, Викторија Нуланд и амбасадорот на САД во Украина.

Во еден момент гласот што наликува на Нуланд вели „Е… ја ЕУ“ поради своето незадоволство од напорите на Европската Унија во решавање на украинската криза.

Американски официјални лица велат дека заменик рускиот премиер бил меѓу првите кои на Твитер ја споменуваат снимката закачена на Јутјуб.

Портпаролот на Белата куќа, Џеј Карни укажал на пораката на Твитер, но не сакал да ја коментира самата снимка.