Американскиет напади со беспилотни летала во Ирак, Авганистан и Сирија одбележани се со „длабоко погрешни разузнавачки податоци“ и резултирале со илјадници цивилни жртви, објави во саботата весникот The New York Times.
Влијателниот американски дневен весник во својата анализа се заснова на доверливи документи на Пентагон за повеќе од 1.300 напади со цивилни жртви и целосно го поткопуваат тврдењето за ткн „чиста војна со прецизни бомби“. Станува збор за напади изведувани со беспилотни летала врз џихадистички групи во Авганистан, Ирак и Сирија од 2014 година.
Весникот забележува дека според официјалната статистика на Пентагон, во нападите врз борци на џихадистичката групација Исламска држава во Сирија и Ирак, 1.417 цивили загинале од 2014 година, а уште 188 цивили загинале како резултат на американските воздушни напади во Авганистан од 2018 година. Сепак, материјалите што ги анализираа новинарите на NYT укажуваат дека „стотици жртви“ меѓу цивилното население едноставно не биле земени предвид. Во исто време, засега не е можно да се утврди нивниот точен број, признава весникот.
Иако неколку случаи за кои пишува NYT на јавноста ѝ се веќе познати, весникот наведува дека признатиот број на цивилните жртви во американските воздушни сили е „драстично премал“. Се истакнува дека ниту за еден напад со цивилни жртви не е спроведена никава „дисциплинска акција“. Целосни истраги биле препорачани само за 12 отсто од вкупниот број воздушни напади со цивилни жртви, а многумина се потпираа на „нецелосни или неточни“ догази и биле прекинати. Како резултат на ваквите постапки, само „во помалку од десет случи“ американската команда платила обештетување на семејствата на загинатите и повредените.
Во написот на NYT, на пример, се наведува за нападот врз три наводни исламистички групации во северна Сирија во 2019 година. Првите извештаи зборувале за 85 убиен џихадисти, додека во стрварноста загинале 120 локални селани. Претходно во ноември годинава весникот објави дека Пентагон ги повлече информациите за воздушниот напад во близина на селтот ел-Багуз, и објави дека америакснкиот воен врв ја минимизирал штетата, независната истрага за инцидентот била замрзната, а самиот воздушен напад бил минимално објавен.
Централната команда ги призна подоцна воздушниот напад, истакнувајќи дека бил оправдан. Според американската војска, во овој напад биле елиминирани 16 џихадисти и четворица цивили. За другите жртви, наведоа дека не можело да се утврди дали се теротисти или цивили, а американскиот секрететат за одбрана Лојд Остин нареди истрага за конкретниот воздушен напад.
Втор пример кој се наведува е нападот врз Рамади во ноември 2015 година, откако разузнавачите јавиле за „маж кој влече тежок предмет“ кон позициите на Исламската држава. „Тешкиот објект“, како што се покажало, било дете кое е убиено во нападот.
Погрешните или недоволните разузнавачки податоци често продонесувале за смртоносни грешки, пишува NYT. Неодамна американската армија мораше да го повлече тврдењето дека во возилото на Исламската држава на Хорасан кое на 29-ти август годинава го уништи со дрон во Кабул имало бомби. Станувало збор за десетина членови на едно семејство, вклучително и деца, убиени во уништувањето на две возила и делумно уништувањето на станбена зграда.
Бил баран за коментар капетанот Бил Урбан, портпарол на централната американска команда, кој одговорил дека грешки се случуваат и со најдобрите технологии на светот.
„Без разлика дали станува збор зе непотполни информации или погрешни интерпретации на достапните информации, ние учиме од тие грешки. Доследно работиме та да го избегнеме и жалиме за секој невин житов“, рекол Убран.
Американските воздушни напоади во споменатите земји станаче значително зачестени во последните години од вториот мандат на поранешниот претседател Барак Обама, бидејќи рапидно паднала јавната поддршка за бесконечните американски војни во странство. Обама и Пентагон тврдеа дека користењето на беспилотните летала претставува најпрецизната воздушна кампања во историјата ид ека бројот на цивилните жртви ќе биде минимален.
Во петгодишниот период американските сили извеле повеќе од 50.000 воздушни напади во Авганистан, Ирак и Сирија, но прецизноста била далеку од декларираната. Во составувањето на извештајот новинарите на NYT посетиле повеќе од стотина места на нападите во кои имале цивилни жртви и разговарале со десетици преживеани. Документите, пак, ги добиле од Пентагон според законот за право на информирање од 2017 година.
Според The New York Times, цивилните жртви често биле резултат на фактот што војската која се подготвувала за напад, погрешно ја проценувала ситуацијата на теренот, мешајќи ги цивилите со терористит. Во многу случаи, американските војски не го предвиделе присуството на цивили во зградите за кои било проценети дека се засолниште на терористите. Покрај тоа, во голем број случаи при анализата на снимки од воздухот пред нападот, американските сили не ги информирале надредените дека меѓу милитантите може да има и цивили, вклучително и деца. Истовремено, врз основа на податоците кои ги добил NYT, честопати квалитетот и бројот на воздушните снимки за време на подготовката на нападот не дозволувале потполно да се утврди присуството на цивили во областа на нападот.