![Dzo Bajden](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/08/Dzo-Bajden.jpg?resize=678%2C381&ssl=1)
На виртуелна конвенција на Демократската партија, политичкиот ветеран, Џо Бајден, официјално е назначен за кандидат за претседател на САД.
Демократите официјално го номинираа 77 годишниот Џо Бајден за свој кандидат за претседател во вторникот вечерта.
Партиски функционери и активисти од целата држава, му дадоа огромна поддршка на поранешниот потпретседател за време на целата виртуелна национална конвенција на неговата партија.
Овој момент беше политичка клучна точка за Бајден, кој претходно за оваа номинација се тркаше двапати.
Неговата номинација е проследена со силната желба на демократите да го поразат актуелниот претседател Доналд Трамп оваа есен.
Последниот повик на делегатите на конвенцијата го официјализираше она што е јасно со месеци, откако Бајден ја презеде лидерската позиција на внатрепартиските избори.
Бајден во предизборните анкети води најмалку со 10 проценти пред Доналд Трамп, кој внесе бомбастичност и непостојаност во Белата куќа.
Многумина прогнозираат дека контроверзниот Трамп ќе си замине од Белата куќа само по еден мандат.