ЈО да не соработува со Весковски и Шилегов, туку да отвори случај

Пред неколку дена ВМРО-ДПМНЕ до ЈО поднесе обемна документација од која, како што обвинуваат, се гледа дека директорот на ЈП Водовод Душко Весковски и скопскиот градоначалник Петре Шилегов местеле тендер од 300.000 евра. Денеска во соопштение опозициската партија повика ЈО да не соработува со нив, туку да отвори случај, непостапувањето отвора сомнеж дека се штити криминал.

-Весковски и Шилегов првин ја ангажирале фирмата, таа ги завршила градежните работи, а дури 2 месеци откако завршила со работа распишале тендер за да ја исплатат. Но тука Весковски и Шилегов не застануваат. На тендерот доколку се погледнат цените по ставки кои ги имаат впишано од фирмата за која е местен тендерот се доаѓаа до заклучок дека едни работи кои до вчера се плаќани по една цена, сега се два или три пати поскапо платени.

Така на пример геодетските работи, односно обележување на ров во 2017 година ако чинело 19.34 денари за еден метар, сега во време на СДСМ чини 168.85 денари или за 8.7 пати поскап.

Земјени работи, односно рачен ископ на за откривање на главна водоводна мрежа, ако во 2017 година чинел 250.55 денари по м2, сега чини 797,36 денари по м2 или 3.2 пати повеќе.

Машински ископ на земја во тесен обем на ров од 0-2м ако во 2017-тата година чинело 100.23 денари по м3, сега во 2021 година чини 276.73 денари по м3 или 2.8 пати повеќе.

Рачен ископ на земја во тесен обем со длабочина на ров од 0-2м во 2017 година чинело 250.56 денари, а сега чини 478.41 денари за м3 или дури 2 пати поскапо е сега.

Што се сменило од 2017 до сега, сите трошоци во градежништвото се на слично ниво, можеби има поместувања во 5 – 10%, но затоа цените се 2 – 3 пати поголеми, велат од ВМРО-ДПМНЕ.