ЈО молчи, Седат Пекер добил обезбедување од Спасовски, тоа нема да избледни, одговорност ќе има за сите, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ЈО молчи, фактот што Седат Пекер добил полициско обезбедување од Спасовски нема да избледни, одговорност ќе има за сите. Не може светски криминалец како Седат Пекер три месеци да престојува во Македонија, а МВР на Спасовски да му даде и полициско обезбедување, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

– Дополнително уште поненормално е зошто ЈО молчи и не отвори истрага, како Пекер се стекнал со полициско обезбедување, што правела АНБ, и што разговарал Заев со него? Не може 214 криминалци са добиле македонски документи, да доаѓале во Македонија, од тука да полетувале насекаде низ светот, а за тоа да бидат виновни службеници од пасошко, посочија од партијата.

ВМРО-ДПМНЕ вели дека полициското обезбедување не даваат службеници од пасошко, тоа го даваат високи структури во МВР, и дека тие знаат кој е Седат Пекер.

– Се поставува прашањето, зошто иако знаеле кој е Седат Пекер, тој добил обезбедување и дали на тоа влијаела неговата средба со Заев Одговори и одговорност мора да има, додадаваат од ВМРО-ДПМНЕ.